Monday, June 24, 2013
Wednesday, May 15, 2013
Давање на кортикостероидите во ургентни состојби
Кортикостероидите
се хормони од надбубрежната жлезда и имаат многу физиолошки и фармаколошки
функции. Кортикостероидитте ги делиме на глукокортикоиди и минералкортикоиди.
Глукокортикоидите
се стероидни хормони кои делуваат на метаболизамот на гликоза, протеини и
масти, а исто така и на долгорочно прилагодување на организамот на стресни
ситуации. Тие имаат имуносупресивно и антиинфламаторно дејство. Тие се
поврзуваат со интраклеточните рецептори. Гликокортикоидните рецептори во
комплекс со лекот дејствуваат на DNK и влијаат на процесите на транскрипција на
гени за синтеза на функционалните протеини и структурните протеини.
Минералкортикоиди
учествуваат во регулација на концентрацијата на електролоти во организамот, ја
појачува реапсорбцијата на натриум во тубулите, и излачување на калиум во
урината.
Кортикостероидите
ги ублажуваат или ги анулираат симптомите, меѓутоа не ја отстрануваат причината
за болеста. Значи дека кортикостероидите ги лечат симптомите, а не болеста.
Тие
се делат на четири груписпоред јачината на нивното делување, а кај нас се
користат само некои од нив:
Слаби кортикостероиди:
metilprednizolon,
hidrokortizon, prednizolon;
Умерено јаки кортикостероиди:
klobetazon, flumetazon, fluokortin,
fluperolon, fluorometolon, flupredniden, dezonid, triamcinolon, alklometazon, deksametazon i hlokortolon;
Јаки кортикостероиди:
betametazon, fluhlorolon,
dezoksimetazon, fluocinolon acetonid, fluokortolon, diflukortolon,
fludroksikortid, fluocinonid, budezonid, diflorazon, amcinonid, halometazon,
mometazon, metilprednizolon aceponat, beklometazon, flutikazon, prednikarbat,
difluprednat i ulobetazol;
Многу јаки кортикостероиди:
klobetazol i halcinonid.
Во
принцип, акутната примена не е спорна и лимитирачка, освен во рекурентни и
долготрајни состојби (ревматолошки, астма).
Супституција:
хидрокортизон, преднизон, флудрокортизон.
Антиинфламаторни:
бетаметазон, будезонид, кортизон, дексаметазон, хидрокортизон, метилпреднизолон,
преднизон, преднизолон, триамцинолон.
Имуносупресија:
бетаметазон, кортизон, дексаметазон, хидрокортизон, метилпреднизолон, преднизон,
преднизолон, триамцинолон, флунизолид.
Дијагностички:
Cushing–ов синдром/болест: дексаметазон.
Церебрален едем:
дексаметазон.
Антиеметски, кај
карцином: дексаметазон, хидрокортизон, преднизон.
Супституциона
терапија: акутна: адренална криза („адисонска криза”. Addisoni,
адреналектомија, токсични ефекти (кетоконазол, DDD, аминоглутетимид), хипофизектомија,
хипоталамична операција или повреда, менингококна сепса, недоволна супституција
(стрес, инфекција, операција кај болен со Адисонова болест) или нагло
престанување на терапијата со кортикостероиди; хронична: терапија на одржување
кај хипокортицизам од кортикално или од централно (хипофизно, хипоталамично)
потекло.
Антиинфламаторна
терапија: алергии општо: анафилактичен шок, ангионевротски едем,
медикаментозни, серумска болест, убод од инсекти, едем на јазикот, епиглотис и
гласни жици, уртикарија, атопичен ринит; нервенсистем:мозоченедем,мултипла
склероза, енцефалити (имунолошки), васкулити, мијастенија гравис,
паранеопластични синдроми, полиневритиси (имунолошки); кардиоваскуларни:
ревматски ендокардит, миокардит и перикардит, лупусен миокардит; респираторни:
бронхијална астма, дистрес синдром, аспирациона пневмонија, COPD (посебни одредени
случаи), саркоидоза, планинска болест;
Во
единицата за ИМП на ниво на град Скопје се употребуваат следните
кортикостероиди: metilprednizolon, prednizolon, deksametazon.
Истите
лекови се во опсег во следните форми и дози.
LEMOD
SOLU 20 mg Прашок во флакон и растворувач за раствор за инјектирање.
LEMOD
SOLU 40 mg Прашок во флакон и растворувач за раствор за инјектирање.
PREDNOL-L
20 mg / ПРЕДНОЛ-Л 20 mg Прашок во ампула и вехикулум за раствор за инјектирање.
PREDNOL-L
40 mg / ПРЕДНОЛ-Л 40 mg Прашок во ампула и вехикулум за раствор за инјектирање.
Dexazon
4mg/ml раствор во ампула.
Subscribe to:
Posts (Atom)